преговори само мн.

преговори (само мн.)

Колку има за ова овде, колку преговори да нѐ прелажат, колку примки, мамки и замки, што се вели, ама, ајде...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да се склоневме пред волјата на Европа и четите или да се предадеа или да се оттргнеа во Бугарија, или барем да се направеа некои преговори со реформаторските држави, во кои просто можеше да се рече оти или ќе се оттргнат или ќе се предадат, но нека не го мачат Турците мирното население затоа што може некаде се имаат пушки, тогаш ќе настапеше во Македонија мирно време кога ќе се бараше од Турција да се воведат во полност реформите и да се оттеглат војските од Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Преговорите за светската трговија го одразуваат тој ист егоизам.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Едните се за вооружено ослободување на Македонија и изгонување на пропагандите, а другите за мирно разрешување на македонското прашање преку преговори со Турција и со големите сили”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во 1868 година со Сојузнички договор и со Воена спогодба за оружена акција во Турција, Србија и Грција горните преговори за поделба на Македонија ги санкционираат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа беше провоцирано и со интригите на Софија во врска со преговорите на МНЛД со турската и со австро-унгарската амбасада во Петербург и со патувањата на некои видни членови на МНЛД со дозвола и со поддршка од турските власт во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Потоа, тече рок од 15 дена во кој страните се обидуваат да изнајдат решение по што, ако нема позитивен исход на преговорите, синдикатот или штрајкувачкиот одбор може да донесе одлука за стапување во штрајк, која се должни да ја достават до директорот на јавното претпријатие најмалку 7 дена пред отпочнувањето на штрајкот (чл. 32, ЗЈП).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Преговорите завршуваат со неславен крај.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На мисијата ѝ се сугерирало да не зема директно учество во преговорите и на локалниот командант требало да му соопштат дека тие биле „таму само во позиција на посматрачи“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Бугарските војници креваат бел бајрак. И почнуваат преговори.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Откако прекина со разговорите веднаш седна на фотелјата спроти мене и без да го запрашам, погодувајќи ја мојата мисла и поводот за посетата, веднаш ми рече: - Почетокот на преговорите со Американците има повеќе симболичен карактер.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Исходот од посетите и преговорите беше различен, и не секогаш позитивен.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тој одговори: - Арафат со мировните преговори и договори во Осло, со избраните израелски миротворци, од тој период беше свесен дека тој го правеше само првиот чекор во своето враќање во Палестина. Другите чекори беа препуштени на судбината...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во ваквата затегната и прилично напната ситуација којашто настана, практично не беа возможни никакви преговори со новопоставената директорка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во неа биле опфатени, по хронолошки редослед, сите настани што се случувале на територијата на Југославија, од 27-мартовските настани, преку шестоаприлскиот напад и капитулацијата на Кралството Југославија, до прикажувањето на раководната улога на Комунистичката партија на Југославија во организирањето на НОД, како и неуспешните преговори со генералот Дража Михаиловиќ и почетокот на неговата соработка со силите на Оската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
23 Непосредно по потпишувањето на примирјето, па дури и пред во Версај да отпочнат преговорите помеѓу Франција и новото германско Царство, пратениците на Алзас и Лорена во Националното собрание во една свечена декларација ја обзнануваат својата верност кон Франција.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во овој јануари во Париз, сепак, беше поинаку, се разбира, пораздвижено, зашто тука се биеше битката за мир во Виетнам, се разбира во тајните преговори крај зелената маса.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Преговорите течеа бавно. Се одолговлечуваа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Водените преговори меѓу автономистичката ВМРО и федералистичката револуционерна организација резултирало со потпишување на Манифест до македонскиот народ (5 мај 1924).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Бидејќи по пат на “преговори“ егзархиската “страна“ не можела да си ја наложи волјата и да ја постигне поставената цел, тргнала по друг пат: започнала да употребува други средства.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Повеќе